
Инхалации за ублажување на кашлица: дејство и препораки
Издвојуваме:
- Кога и како да се прават инхалации за најдобар ефект
- Кои раствори да се изберат и кога да се консултира лекар
Ако имате мало дете, тогаш веројатно веќе знаете – нема поефикасен метод за ублажување на кашлицата од инхалациите. Без разлика дали станува збор за сува или влажна кашлица, инхалаторот секогаш е прв избор за помош.
Инхалациите делуваат директно на дишните патишта, ги навлажнуваат слузниците, го намалуваат воспалението и помагаат во исфрлање на секретот. Благодарение на ова директно дејство, ефектот се чувствува веднаш по користењето на инхалаторот – симптомите брзо се олеснуваат, што е особено важно ако кашлицата е проследена со отежнато дишење и свирење во градите.
Со помош на инхалациите, честичките од лековите и растворите многу брзо стигнуваат до местото на воспаление. Така, нивното дејство е локално и директно, без оптоварување на целиот организам, за разлика од, на пример, оралното земање лекови. Добрата вест е што тие се погодни за сите возрасни групи – од новороденчиња до постари лица. Секако, кај најмалите деца, терапијата треба да биде прилагодена според препораките на педијатар.
.

.
Кои раствори се соодветни за кашлица?
.
Пред сè, изборот треба да биде прилагоден на типот на кашлицата – дали е сува или продуктивна (со секрет). Најчесто, инхалациите се прават со физиолошки раствор, кој ги навлажнува дишните патишта, ги смирува иритираните слузници и помага во расчистување на секретот. Тој е прв чекор кај поблаги форми на кашлица (пред започнување со медикаментозен третман) и е безбеден за употреба дури и кај новороденчиња.
Кога станува збор за упорна кашлица и потешки состојби, лекарите препишуваат терапија со лекови кои се додаваат во физиолошкиот раствор при инхалација. Тие можат да бидат:
- Муколитици (амброксол, ацетилцистеин) – го разградуваат густиот секрет и го олеснуваат искашлувањето.
- Бронходилататори – ги прошируваат дишните патишта кај спастична кашлица или астма.
- Кортикостероиди – при силни воспаленија на респираторниот тракт.
.
Како правилно да се прават инхалации?
.
Покрај соодветниот лек, правилната употреба на инхалаторот е клучна за брзо олеснување на кашлицата и другите респираторни проблеми. Еден од сигурните и лесни за користење инхалатори на пазарот е Zano Inspire, компресорски инхалатор погоден и за деца и за возрасни. Со Zano Inspire може да се прават инхалации само со физиолошки раствор, како и со веќе споменатите медикаментозни терапии.
.
Подготовка за инхалација:
.

- Изберете соодветно место: поставете го инхалаторот на стабилна и рамна површина, подалеку од извори на топлина и влага.
- Хигиена: темелно измијте ги рацете пред подготовка на уредот и растворот.
- Склопување на уредот: поврзете ја воздушната цевка со компресорот и комората за инхалација. Проверете дали сите делови се правилно прицврстени.
- Додавање на растворот: отворете ја комората за инхалација и додадете ја пропишаната количина физиолошки раствор или лек. Не го надминувајте максималниот волумен.
- Поставување маска или дел за уста: изберете соодветен додаток – маска за деца или возрасни, или дел за уста – и прицврстете го на комората.
.
Изведување на инхалацијата:
.
- Положба: седнете удобно со исправен грб. Ова овозможува подобро продирање на аеросолот во дишните патишта.
- Дишење: дишете бавно и длабоко преку уста, задржувајќи го здивот неколку секунди по секоја инхалација за лекот да стигне до подлабоките делови на белите дробови.
- Времетраење: инхалацијата обично трае од 5 до 15 минути, во зависност од препораката на лекарот и количината на растворот.
- По инхалацијата: исклучете го уредот, расклопете ги деловите и измијте ги со топла вода. Оставете ги да се исушат на воздух пред следната употреба.
.
Zano Inspire – тивок компресорски инхалатор
.
Инхалаторот се одликува со тивка работа – со ниво на бучава од само 55 dB, не погласно од стандарден домашен фрижидер. Ова го прави исклучително погоден за деца, кои често се плашат од маските и звукот на инхалаторите. Лесен е и компактен – тежи само 200 грама – и доаѓа со практична торбичка за складирање и носење на уредот и додатоците.
ZanoInspire обезбедува висока ефикасност со создавање честички со просечна големина од 3,8µm, што овозможува оптимално продирање на лекот во дишните патишта. Дополнително, инхалаторот доаѓа со комплетна опрема, како и сет од 16 забавни стикери кои овозможуваат персонализација на уредот и ги прават инхалациите поинтересни за најмалите.
Користењето на инхалатор како Zano Inspire може значително да ја подобри ефикасноста на инхалациската терапија при кашлица и други респираторни состојби. Секогаш следете ги упатствата на лекарот или педијатарот во однос на зачестеноста, времетраењето на инхалациите и растворот што се користи.
.

.
Кога да се консултирате со лекар?
.
Иако инхалацијата со физиолошки раствор е едноставен и достапен метод кој може да помогне за побрзо закрепнување и спречување на влошување на состојбата, постојат ситуации кога е неопходна лекарска интервенција. Доколку кашлицата не се подобрува, туку се влошува, или се појават следниве симптоми:
- Кашлица придружена со температура над 38°C.
- Свирење во градите или отежнато дишење.
- Продолжена кашлица подолга од една недела.
- Крв во искашлокот или болка во градите.
Кај децата, особено под 3-годишна возраст, секоја упорна кашлица треба да се третира исклучиво по препорака на педијатар.Тој може да предложи соодветна терапија и да препише лекови за инхалација. Самолекувањето безсовет од лекар носи ризик од компликации и неправилен третман.
.
Заклучок
.
Инхалаторите стануваат сè понеопходен уред во домашната аптека – особено кај деца и лица со хронични респираторни заболувања. Инхалациите се безбеден и ефикасен метод за олеснување на кашлицата кој делува директно на дишните патишта. Со правилна употреба и соодветни раствори, тие можат значително да ја подобрат состојбата на пациентот и да го забрзаат закрепнувањето. Медикаментозниот третман задолжително треба да биде усогласен со специјалист. Навремената реакција и консултација со лекар можат да спречат компликации и да обезбедат побрзо олеснување на симптомите.




